5.2. Пристап до информации за нивото на аерозагадување

Unaccepted
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Вкупно 18 фиксни и 1 мобилна мерна станица како дел од државната мониторинг мрежа за квалитетот на амбиентeн воздух се поставени во различни градови во државата. Од вкупниот број мерни станици, 5 се во Скопје, 2 во Битола и по 1 во Куманово, Миладиновци, Кочани, Велес, Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кичево, Лазарополе, Гостивар и Тетово. Мобилната мониторинг станица е функционална од 2017 година и истата се поставува во оние општини кои не се опфатени со фиксните мониторинг станици во период од една година. Досега беше поставена во општина Бутел, Скопје и моментално е поставена во општина Ѓорче Петров, Скопје. Во останатите помали градови од државата не се поставени фиксни мерни станици, но мониторингот на квалитеотот на воздухот во овие градови ќе се врши со мобилната станица.[1] Државната мониторинг мрежа за квалитет на амбиентен воздух ги задоволува критериумите за минимален број на мерни места во одредена зона и агломерација, пропишани во националнато законодавство и Европските директиви за квалитет на воздух.  Државната мониторинг мрежа во изминатите години се соочуваше со проблеми во однос на континуирана функционалност на мерните инструменти, особено заради старост на самата опрема. Подолг период инструментот за следење на концентрацијата на PM 10 честичките не беше во функција на мерната станица Лисиче, додека проблеми со овој инструмент, но и инструменти за следење на концентрациите на останатите честички (CO, NO2, O3, PM2.,5 и SO2) се забележани и на другите мерни станици во Скопје.[2] Во Битола, мерењето на концентрацијата на PM2.5 честичките е започнато во 2017 година и се одвиваше најпрво само преку една мерна станица (Битола 2) додека од октомври 2020 година истата се мери и на втората мерна станица (Битола 1). Во Куманово концентрацијата на PM2.5 се мери од 2017 година.[3] Во таа насока, на пример, инструментите за PM10 честички на мерната станица Битола 1 не давале податоци 187 дена во 2019 година, 26 дена во 2018 година, 79 дена во 2016 година и 19 дена во 2015 година, додека инструментите за PM 10 на мерната станица Битола 2 не давале податоци 192 дена во 2019 година, 56 дена во 2018 година, 66 дена во 2017 година, 6 дена во 2016 година и 56 дена во 2015 година. Истовремено, инструментите за мерење на концентрацијата на PM 2.5 честичките на мерната станица Битола 2, кои се поставени во 2017 година, не давале податоци 192 дена во 2019 година и 56 дена во 2018 година.[4] Сепак, МЖСПП активно работи на обновување и дополнување на Државниот автоматски мониторинг систем на квалитет на воздух, преку обезбедување на средствата од Националниот буџет и различни донаторски проекти. Последните години евидентно е подобрувањето на функционалноста на мониторинг системот и се очекува истиот да биде комплетно обновен до крајот на 2022 година. Со цел соодветно планирање на активностите за намалување на аерозагадувањето во државата, неопходно е постоење на веродостојна и сеопфатна мрежа за мониторинг на концентрацијата на честичките. Сеопфатни и веродостојни информации од мрежата за мониторинг се неопходни пред се за креирање на стратешките документи од областа (планови, стратегии и слично) како и следење на нивното спроведување, односно дали и со која динамика се остваруваат предвидените цели (дали се остваруваат целите дефинирани како намалување на концентрацијата на загадувачките супстанци, дали динамиката на исполнување на оваа цел е на задоволително ниво и слично). За остварување на вака поставената цел, потребно е редовно и навремено одржување и сервисирање на веќе поставените мерни станици од државната мониторинг мрежа. Податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух од 2012 година се објавуваат во реално време на порталот за квалитет на воздух (https://air.moepp.gov.mk). Истите редовно се известуваат на национално ниво како и до Европската агенција за животна средина.

[1] Извор: Веб страна „Кавалитет на воздух во Република Северна Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање“https://air.moepp.gov.mk/
[2] Извор: Месечни извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, објавени на: https://air.moepp.gov.mk/?page_id=290
[3] Ibid
[4] Ibid
Главна цел на заложбата

Општа цел: Обезбедување на сеопфатни и веродостојни информации за нивото на аерозагадување во Република Северна Македонија

Специфична цел 1: Зголемување на бројот на мерни станици во државата

Специфична цел 2: Редовно одржување и сервисирање на мерните инструменти кои се дел од мерните станици во рамки на државната мрежа за мониторинг

Специфична цел 3: Изработка на мобилна апликација за презентирање на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух

Резултати: спроведувањето на активностите ќе придонесат за зголемување на опфатот на државната мрежа за мониторинг преку зголемување на бројот на мерни станици во градовите каде не се поставени. Преку редовно одржување и сервисирање на постоечките и ново поставените мерни инструменти, државата ќе овозможи соодветна база на податоци неопходна за креирање на ефикасни политики за намалување на аерозагадувањето и следење на остварување на целите во стратешките документи. Обезбедување на еден сет на резервни мерни инструменти, со цел ставање во функциија на истите додека постоечкиоте инструменти се сервисираат и повторно се стават во функција за да нема загуби во податоците од извршените мерења. Со изработката на мобилната апликација, ќе се овозможи информирање на граѓаните за состојбата со квалитетот на воздухот на поедноставен и поприфатлив начин.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Преку поставувањето на нови мерни станици за квалитет на воздухот во Прилеп, Охрид и Штип, како дел од државната мониторинг мрежа ќе се зголеми бројот на мерни станици, односно обемот на податоци за квалитетот на воздухот кој долгорочно ќе придонесе кон подобро планирање на политиките од областа на централно и локално ниво. Поставувањето на мерна станица за квалитет на воздухот во Берово ќе придонесе за поголем и подобар мониторинг на прекуграничното загадување. Поставувањето дополнителни мерни станици ќе придонесат за подобро планирање на локалните политики за заштита на воздухот. На тој начин ќе се процени дали треба да се применат мерки, како и изборот на мерки и политики кои ефикасно ќе го решат проблемот.

Редовното одржување и сервисирање на инструментите од Државниот автоматски мониторинг систем, ќе овозможи ефикасен мониторинг и исполнување на целите за мониторинг пропишани во Законот за квалитет на амбиентниот воздух.

Обезбедувањето на еден сет резервни мерни инструменти, ќе придонесе за  ефикасно одржување на сите мерни станици, односно државна мрежа која ефикасно ќе го мониторира квалитетот на воздухот, што ќе придонесе за:

  • Можност за пресметување на средно дневните концентрации на загадувачките супстанци и  известување на граѓаните
  • Навремена примена на краткорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот на локално ниво при надминување на праговите за алармирање
  • Планирање на политиките на централно и локално ниво за намалување на аерозагадувањето
  • Следење на исполнувањето на мерките предвидени со политиките на централно и локално ниво.

Изработката на мобилната апликација, ќе овозможи информирање на граѓаните за состојбата со квалитетот на воздухот на поедноставен односно посовремен начин, начин поприфатлив за сите корисници на мобилни телефони.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Искористете го овој дополнителен, изборен простор за да обезбедите други корисни информации, на пример:

  • Потребен/обезбеден буџет за спроведување на заложбата
  • Врска со други владини програми, Националниот развоен план или други секторски / локални планови

Врска со Стратегијата за борба против корупција, Целите за одржливиот развој на ОН и друго

Unaccepted


Напишете коментар