3.5 Овозможување на пристап до терапија и здравствени услуги на лица кои употребуваат дроги по издржување на казна затвор

Unaccepted
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Отежнат пристап кон остварување на правото на лекување на лицата кои употребуваат дроги, по издржување казна затвор, бидејќи се отпуштаат без документи за лична идентификација и здравствено осигурување, кои им се неопходни да продолжат да се лекуваат со супституциски третман на лекување со метадонска терапија.  Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои употребуваат дроги на територија на Република Северна Македонија, 58% од лицата кои употребуваат дроги биле отпуштени од затвор без валидни лични документи. Од 2012 година до сега, ХОПС има регистрирано околу 63 случаи на лица што употребуваат дроги кои завршиле со издржување на казна затвор, а поради тоа што немаат документ за лична идентификација и здравствено осигурување не биле во можност веднаш да продолжат со лекување.  Поради фактот што овие лица веднаш по отпуштање од установата не можат да продолжат со лекување, кај истите се влошува здравствената состојба, бидејќи во тој период остануваат без терапија, запаѓаат во апстенциска криза, а имајќи предвид дека болестите од зависност се комплексни состојби и дека најмал стрес може да ја влоши состојбата, се зголемува опасноста од повторна употреба на дроги, што дополнително може да доведе до предозирање и фатален исход. Овој проблем во пракса постои иако, Законот за извршување на санкции јасно предвидува дека осудените лица за целото времетраење на издржување на казната затвор треба да се подготвуваат за отпуштање од установата.

Нееднаков пристап и третман до здравствени услуги за лицата кои употребуваат дроги. Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС на за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои инјектираат дроги и сексуалните работници на територија на Република Северна Македонија, 57% од лицата кои употребуваат дроги пријавиле барем еден проблем  поврзан со права од здравствена заштита. 38% од лицата кои употребуваат дроги се соочиле со дискриминација од страна медицински персонал (користење дополнителна заштита, преглед во посебни простории кои не се приспособени како ординации, чекање да добијат соодветна медицински третман до крај на работно време, навредување и сл.). 21% од лицата кои употребуваат дроги пријавиле дека биле одбиени за лекување при сериозни здравствени проблеми (операции, преврски на рани, прием во болница и сл.). 25% се соочиле со потешкотии при избор на лекар од примарна здравствена заштита поради дискриминација.

Главна цел на заложбата

Главна цел на заложбата е еднаков третман и олеснет пристап до правата од здравствена заштита на лицата кои употребуваат дроги, преку вклучување на неосигуарните лица кои употребуваат дроги во програмата за осигурување на неосигурани лица, зголемена меѓусекторска соработка помеѓу Дневните Центри  за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги, Управата за извршување на санкции, Фондот за здравствено осигурување и Министерство за внатрешни работи, сензибилизација на медицинскиот персонал при постапување со лица кои употребуваат дроги преку обуки, препознавање на невладините организации како даватели на услуги со Законот за здравствена заштита, навремено вадење и ажурирање на документи за лична идентификација и носење акт за олеснета постапка за вадење на лична карта на лицата кои воопшто немаат извадено лична карта.

  Очекувани резултати:

  • Навремено обезбедување и ажурирање на лични карти на лицата кои употребуваат дроги за време на издржувањето казна затвор како и по отпуштање од установата.
  • Еднаков третман и недискриминација од страна на медицинскиот персонал кон лицата кои употребуваат дроги,
  • Олеснет пристап до правата од здравствена заштита на лицата кои употребуваат дроги.
  • Воспоставена меѓусекторска соработка помеѓу Дневните Центри за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги, Управата за извршување на санкции, Фондот за здравствено осигурување и Министерство за внатрешни работи.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Преку воспоставена меѓусекторската соработка помеѓу Дневните Центри  за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги, Управата за извршување на санкции, Фондот за здравствено осигурување и Министерство за внатрешни работи, на лицата кои употребуваат дроги, со посебен акцент на осудените лица кои употребуваат дроги ќе им се овоможи навремено вадење и ажурирање на документи за лична идентификација и здравствено осигурување додека се на издржување на казна затвор и по отпуштање од установата.

Навременото обезбедување на документи за лична идентификација и здравствено осигурување на лицата кои употребуваат дроги ќе им го олесни пристапот до остварување на правото на лекување од зависност.

Преку воведување на обуки за медицински персонал за третман на лицата кои употребуваат дроги ќе се зголеми сензибилноста на медицинскиот персонал кон оваа заедница. Лицата кои употребуваат дроги ќе имаат еднаков третман и пристап до права од здравствена заштита како и сите граѓани.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Искористете го овој дополнителен, изборен простор за да обезбедите други корисни информации, на пример:

  • Програма за заштита на населението од ХИВ – инфекција во Република Северна Македонија за 2021 година
  • Програма за здравствена заштита на лица со болести на зависности во Република Северна Македонија за 2021 година
  • Национална стратегија за дрога на Република Македонија 2014 – 2020 година
  • Локална стратегија за дроги на град Скопје (превенција, лекување, рехабилитација и ресоцијализација, намалување на штети и градска безбедност 2015 – 2020 година)
  • Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2016 – 2020 година
  • Програма за неосигурени лица

Национална стратегија за развој на пенитенцијалниот систем 2015 – 2019 година

Unaccepted


Напишете коментар