3.4. Унапредување на механизмите за заштита на жртвите на вознемирување на работно место

Unaccepted
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Во РСМ недостасува статистика за бројот на жртви на мобинг. Сепак според истражувањата на МОТ над 4% од работниците се предмет на психичко насилство, 2% на сексуално зоставување и 8% на заплашување и малтретирање. Па доколку се земе во предвид оваа статистика, во РСМ од вкупниот број на вработени се проценува дека има 111.936 жртви на мобинг. Од 2013 година кога е донесен законот за заштита од вознемирување на работно место, има само иницирани и успешно решени два случаи и еден случај е во тек. Според податоците од СОС линијата за пријава на вознемирување на работно место за само два месеци во 2020 година евидентирани се 65 јавувања за помош и поддршка, од кои во повеќе од половина се жени.

Главна цел на заложбата

Главната цел на  заложбата е да се унапреди веќе воспоставениот механизам за заштита од вознемирување на работно место.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Преку спроведување на оваа заложба ќе се овозможи информирање на вработените за нивните права за заштита од вознемирување на работно место кои произлегуваат од законот за работни односи за што досега нема воспоставен систем, едукација на избраните независни лица како посредници во постапките за решавање на идентификувани случаи на мобинг за што досега нема воспсотавен систем, ратификација на Конвенцијата 190 и препораката 206 на Меѓународната организација на трудот  која досега не е ратификувана, воспоставување на електорнски и јавен систем за пријавување  и следење на статусот  и спроведувањето на сите иницирани постапки за вознемирување на работно место, и воспоставување  и функционирање на работна група од практичари за иницирање на измени на законот за заштита од вознимирување на работно место.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Оваа заложба восебе активности кои ќе  придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 1. Следен чекор: Поддршка за вработување на ранливите лица преку мерки предвидени во Националната стратегија за вработување и Стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот; ЦОР 2.Следен чекор: Владата ќе се фокусира врз мерки за подобрување на структурата на земјоделското земјиште како предуслов за развој и конкурентност на секторот, подобрување на условите за живот и работа во руралните области и обезбедување пристап до знаења и инвестиции во човечки капитал преку реформирани услуги за проширување и едукација на земјоделците. ЦОР 5 Следен чекор: Еден од клучните приоритети на земјата во наредните години и понатаму ќе биде да се унапредат можностите за вработување на жените и нивна заштита на работното место.  ЦОР 8 Следен чекор:  Владата ќе ги следи програмите и активностите наведени во релевантните акциски планови за создавање работни места, подобрување на учеството во работната сила и зголемување на побарувачката за работна сила и зголемување на конкуренноста. Исто така, ќе продолжи да ги усогласува трудовото законодавство со меѓународните стандарди за труд и со законодавството на ЕУ.

Unaccepted


Напишете коментар