3.3. Зголемување на пристапот до загарантираните облици на заштита на жртвите на трговија со луѓе

Unaccepted
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Во периодот од 2005 до 2019 година се идентификувани 116 жртви на трговијата со луѓе. Од 2014 година наваму, мала е  бројката на идентификувани жртви  која пред сѐ, се должи на отсуство на активна идентификација од страна на надлежните институции. Искуствата во практиката често покажуваат дека идентификувањето на жртвите затајува  некаде низ лавиринтите на државните институции. Во ист контекст, нотиран е случај во 2019 година во којшто малолетно девојче, доброволно, со поддршка на пријател, одлучило да пријави во една од надлежните институции дека е жртва на трговија со луѓе. Меѓутоа, од случајот произлегло  дека малолетното девојче веќе имало воспоставено контакти со таа надлежна институција, а институцијата не го препознала случајот како случај на жртва на трговија со луѓе.

Генерален е впечатокот дека содржината и форматот на презентираните податоци во годишните извештаи за трговија со луѓе, не соодветствуваат на потребата за утврдување на напредокот кој го прави државата на ова поле. Дополнително, отсуствува аналитички осврт на презентираните состојби, како и евалуација на постигнатото наспроти зададените цели преку кои ќе се мери прогресот во иднина.

Во Министерството за правда постои програма преку којшто треба да се обезбеди исплата на отштетата за деца-жртви на трговијата со луѓе доколку таа не може да се обезбеди од сторителот.

Жртвите по напуштањето на прифатилиштето најчесто се соочуваат со невработеност, проблеми со домувањето иако во самата програма за реинтеграција на жртвите од ТЛ вработувањето, домувањето, продолжувањето на образованието се наведени како главни елементи  во нивниот процес на реинтеграција. Во земјата не постојат посебни програми и мерки со коишто жртвите ќе можат да бидат вклучени во работниот процес во насока на економско зајакнување. Жртвите на трговијата со луѓе не ги користат активните мерки за вработување обезбедени од државата преку Агенцијата за вработување, поради тоа што  АВРСМ нема посебен систем со којшто ќе се гарантира заштитата на  личните  податоци  и статусот на лицата-жртви.

Главна цел на заложбата

Главната цел на оваа заложба е зајакнување на борбата против трговијата со луѓе во Република Северна Македонија како и обезбедување на ефикасна заштита на жртвите.

Како специфични резултати кои се очекуваат од оваа заложба се:

  • Зголемен број на идентификувани жртви на трговија со луѓе и обезбедени услуги
  • Зголемена транспарентност и отчетност на институциите кои работат на прашањето на трговија со луѓе

Зголемена информираност и пристап  за жртвите од трговија со луѓе до здравствени услуги, вработување и правда

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Заложбата ќе придонесе кон решавање на јавниот проблем преку воспоставување на ефективни мерки од страна на институциите насочени кон подобар пристап до услуги и поголема информираност на жртвите на трговија со луѓе. Решенијата ќе бидат спорведени преку реализација на повеќе активности кои ќе бидат спроведени во партнерство со граѓанските организации. Така, мерките вклучуваат воспоставување на мобилни тимови кои ќе работат на терен и ќе придонесат кон подобрена идентификација и заштита на жртвите од трговија со луѓе. Ќе се работи на ревидирање и унапредување на  постоечкиот систем на собирање на податоци, односно обезбедување јавно достапни податоци преку кои ќе може да се следи прогресот кој државата го прави на полето на сузбивање на трговијата со луѓе и заштита на жртвите.

Дополнително заложбата ќе придонесе кон зголемување на капацитетите на медицинскиот персонал за препознавење и постапување во случаи на трговија со луѓе. Жртвите на трговија и јавоста ќе бидат информирани за постоење на РЕП центрите и нивната расположливост за услуга.

Исто така мерките ќе придонесат за поголема информираност на жртвите и нивните застапници за правото на надомест на штета за децата и возрасните жртви на трговија со луѓе. Ќе се креираат програми и мерки со кои што жртвите ќе можат да бидат вклучени во работниот процес во насока на економско зајакнување.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Овие заложби се директно поврзани и во иста насока со новата Стратегија и Акциски план (НАП) за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2021-2025. Дополнително дел од заложбите се во согласност со Акциски план за спроведување на конвенцијата за сперечување и борба против наслиство врз жени и семејно насилство во РСМ 2018-2023.

Unaccepted


Напишете коментар