3.2. Достапни е-услуги во руралните средини

Unaccepted
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Немање информациjа за постоење на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk (Порталот) и сите податоци достапни на него; Немање доволно дигитална писменост на локалното население за користење на е-услугите на Порталот; Немање доверба во институциите и доверба во електронското комуницирање;

; Преголема зависност од службениците во локалните институции; Многу повеќе време и средства трошат жителите во руралните средини во однос на оние кои што живеат во урбаните средини итн.; Гледано од аспект на земjоделците и руралното население кои што се земени како целна група за да се образложи проблемот, иако ваквите услуги нема да ги користат само земjоделците туку и воопшто локалното население, а тоа го потврдува и последното направено истражување на терен на Рурална Коалиција – Дел од ваквите изјави или ставови може да ги најдете и во последното истражување на РК – https://rural.mk/wp-content/uploads/2021/04/%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-1.pdfстанува збор за евидентирани повеќе од 170.000 семеjни земjоделски стопанства кои што имаат повеќе пати во текот на годината потреба од услугите наведени погоре, како што се субвенции, аплицирање за јавни повици од ИПАРД и програмата за рурален развој каде што ви се потребни меѓудругото М1/М2, уверение за платени даноци, потврди од општина за усогласеност на инвестицијата со ЛЕР, потврди за стечајна, ликвидациона постапка, тековна состојба, потврда дека не е изречена забрана за вршење на должност или дејност итн.Имено, наjголемиот броj на документи, односно услуги кои што се наведени погоре се бараат при аплицирање за субвенции, понатаму аплицирање за финансиска поддршка од Програмата за рурален развоj каде што се овозможуваат инвестиции за модернизирање на земjоделските стопанства и за унапредување на руралниот развоj, при што станува збор за искористување на средства во износ поголем од 200 милиони евра годишно. Исто така, ваквата документациjа е потребна и при аплицирањето за ИПАРД програмата што пак е многу важно, бидеjќи директно влиjае на процентот на искористеност на ИПАРД програмата.

Главна цел на заложбата
  • Главната цел на заложбата е доближување на Националниот портал за е-услуги до граѓаните од руралните средини и зголемување на довербата и сигурноста во електронската комуникација со институциите
  • Резултати:
  • Зголемена информираност на граѓаните во локалната заедница за порталот gov.mk

Зголемени знаења и вештини на руралното население за користење на е-услугите достапни на Порталот uslugi.gov.mk

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Преку зголемувањето на достапноста и искористеноста на е-услугите во руралните средини, не само што се придонесува кон решавање на јавниот проблем туку во исто време се придонесува и кон унапредувањето на процесот на дигитализација на општеството, а да при тоа ниту еден граѓанин не биде изоставен. Исто така преку зголемената употреба на е-услугите се зголемува и довербата во институциите,а и воопшто во државата, и во исто време се подобрува и квалитетот на живот во заедницата. Исто така реализацијата на ваквата пак заложба, ќе го забрза  процесот на дигитализација на услугите кои што ги даваат и општините, а ќе се зголемат и капацитетите и знаењата на локалното население со воведувањето на посебен курикулум за унапредување на знаењата и вештините за дигитализација и се придонесува кон остварување на Дигиталната агенда и стратешките насоки на оваа тема утврдени на национално ниво.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Ваквата заложба е во согласност и придонесува кон реализацијата на приоритетите и целите предвидени во неколку стратешки документи и тоа: Стратегијата за транспареност на Владата на РСМ 2019-2021

Unaccepted


Напишете коментар