3.1. Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областите на вработување, превентивна здравствена заштита, образование и локални јавни услуги

Unaccepted
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и јавните институции, го ограничуваат процесот на унапредување на јавните услуги и пристапот до нив. Дополнително, развојот на технологиите и можностите за дигитализација во светот, ги поттикнаа Владите во регионот, вклучително и Владата на РСМ да иницираат процеси на дигитализација на одредени услуги и воведување на технологии за автоматизирано објавување на податоци. Повеќето од досегашните иницијативи се однесуваат на развивање продукти кои би придонеле за унапредување на нивото на транспарентност на институциите, но во голем дел од овие иницијативи го занемаруваат аспектот на вклучување на граѓаните и не ги земаат во предвид граѓанските мислења. Односно, зголемувањето на обемот на податоци кои се јавно достапни што се постигнува со досегашните иницијативи, а треба да придонесе кон зголемена активност на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, не ги даваат посакуваните резултати. Ваквата состојба се јавува од две причини, и тоа: сложеност на податоците кои се објавуваат и неможноста да граѓаните ги разберат истите, како и заради непостоењето на воспоставени механизми за двонасочна комуникација помеѓу оние кои објавуваат податоци и овие за кои тие податоци се наменети.

Недостатокот на механизми за двонасочна комуникација помеѓу институциите и граѓаните, особено кај Агенцијата за вработување и нејзините подрачни единици, Министерството за здравство и останатите јавно здравствени институции, Министерството за образование и средните училишта, како и

локалните самуправи придонесува за ниска доверба на корисниците во овие институции и мал одзив на граѓаните, со фокус на ранливите групи и средини.

Главна цел на заложбата

Главната и долгорочна цел на заложбата е да се воспостави организиран систем и пракса на двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и донесувачите на одлуки при планирање, спроведување и евалуација на здравствените политики, политиките за вработување, образовните политики и локалните јавни услуги.  

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Спроведување на активните политики и услуги за вработување/превентивните здравствени програми/образовните програми/локалните јавни услуги и граѓанските организации вклучени во оваа заложба, кои по завршувањето на акцискиот план би ја продолжиле соработката и би работеле континуирано на развивање на целните политики. 2) развивање на платформи за консултации и транспарентност и работа со граѓани од ранливи групи во насока на нивно запознавање со правата од предметните политики, прибирање на нивни препораки и мислења, како и запознавање со можностите за идно вклучување во процесите на донесување на одлуки. 3) Промовирање на развиените платформи помеѓу пошироката јавноста со цел широка употреба, преку директна вклученост на  одговорни за односи со јавност во министерството за здравство /Кабинет на министер и вклученост на граѓаните во процесите на планирање, следење и оценување на услугите од областа предмет на оваа заложба.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Оваа заложба восебе содржи четири групи на активности кои овозможуваат воспоставување и практикување на мехнизми за вклучување на граѓани во процесите на донесување на одлуки во областа на вработувањето, здравството, образованието и локалните јавни услуги. Оттука, сите предложени решенија  придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година.
Односно, кон ЦОР 1.Следен чекор: Поддршка за вработување на ранливите лица преку мерки предвидени во Националната стратегија за вработување и Стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот;
ЦОР 2.Следен чекор: Владата ќе се фокусира врз мерки за подобрување на структурата на земјоделското земјиште како предуслов за развој и конкурентност на секторот, подобрување на условите за живот и работа во руралните области и обезбедување пристап до знаења и инвестиции во човечки капитал преку реформирани услуги за проширување и едукација на земјоделците.
ЦОР 3.Следен чекор: Министерството за здравство ќе продолжи со имплементација на иницијативите и активностите наведени во стратешките документи и акциските планови и ќе започне со подготовка на новата Национална здравствена стратегија за периодот до 2030 година. Стратегијата ќе обезбеди насока за реформите во здравствениот систем на сите нивоа.
ЦОР 4.Следен чекор:
подобрување на квалитетот и пристапот до образовните програми за средно образование, со фокус на ранливи групи и подобрување на кариерниот развој на наставниците.
ЦОР 5.Следен чекор:
Еден од клучните приоритети на земјата во наредните години и понатаму ќе биде да се унапредат можностите за вработување на жените и нивна заштита на работното место.
ЦОР 8 Следен чекор:  Владата ќе ги следи програмите и активностите наведени во релевантните акциски планови за создавање работни места, подобрување на учеството во работната сила и зголемување на побарувачката за работна сила и зголемување на конкуренноста. Исто така, ќе продолжи да ги усогласува трудовото законодавство со меѓународните стандарди за труд и со законодавството на ЕУ.

Unaccepted


Напишете коментар