2.1 Јавните набавки како отворени податоци

Unaccepted
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Јавните набавки, на светско ниво, се типично место каде може да се сретне корупција. Постојат многу начини како јавните набавки се инструмент за најразлични трансакции против јавниот интерес а со цел материјално богатење или трговија со влијание.

Во Националната стратегија за борба против корупцијата, јавните набавки се идентификувани како значаен ризик фактор, присутен во повеќето области каде делуваат јавните институции.

Центарот за граѓански комуникации, во најновиот бран на набљудување забележува дека во првите шест месеци од 2021, само 1% од јавните набавки биле контролирани а забележани се неправилности кај секоја петта контролирана набавка.

Во набљудувањето на јавните набавки, од страна на ЦГК, постојано провејува забелешката за ниски стапки на натпревар во јавните набавки. Малата конкурентност кај набавките во економски сектори каде постои конкуренција е значаен индикатор на ризик од корупција.

Република Северна Македонија одржува систем на електронски јавни набавки, кој е јавен и заинтересираните граѓани може да видат податоци за огласи и склучени договори.

Меѓутоа, набљудувањето на јавните набавки од надворешни лица, во прва смисла, медиумите и граѓанските организации е отежнато бидејќи прибирањето на податоци е рачно. Ова значи дека надворешното набљудување е обременето со ангажирање на ресурси и време кое инаку би можело да се посвети на анализа наместо на прибирање податоци.

Главна цел на заложбата

Целта на заложбата е подобрување на отчетноста на јавните набавки преку зголемена можност за надворешен надзор од медиуми и граѓански организации.

Заложбата предвидува објавување на јавните набавки во машински читлив формат, како отворени податоци на владиниот портал за таа намена.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Транспарентноста на податоците значително делува во намалување на ризиците од корупција. Ослободувањето на информациите кон заинтересираната јавност овозможува подлабоки анализи, и алармирање. Ова во суштина значи дека институциите, со својата транспарентност, овозможуваат поквалитетно вклучување на надворешни актери, како граѓанското општество во ефикасно набљудување, преку партнерски однос на двете страни.

Анализите базирани на удел, обем, вмрежување на договорни органи и економски оператори се современа фаза на алатки за борба против корупцијата и навремено обезбедуваат аларм кој понатаму може да се процесира и од други јавни институции како ДКСК со цел подобрување на политиките и законската рамка. Со базата на јавни набавки во отворен формат, се обезбедуваат услови за развој на такви алатки и подобрување на борбата против корупцијата.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет.

Unaccepted


Напишете коментар