1.4 Унапредување на пристапот до информации и бројот на објавени отворени податоци во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС)

Unaccepted
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Транспарентноста и отвореноста на ЕЛС сеуште е на ниско ниво. Повеќето ЕЛС во Република Северна Македонија не ги објавуваат сите податоци и информации кои се нивна законска обврска. Исто така, повеќето општини не објавуваат податоци во отворен формат. ЕЛС немаат информации точно со кои податочни сетови од отворен карактер располагаат. Знаењето и свесноста за отворените податоци, како и бенефитите кои тие ги носат, е на многу ниско ниво кај локалните службеници но и кај граѓаните и кај локалните граѓански организации. Потребно е да се зголеми свесноста за отворените податоци кај сите чинители во процесот.

Истражувањето преку Индексот на отвореност за 2020 година, спроведено од Фондацијата Метаморфозис, покажа дека локалната власт исполнува  40%, од индикаторите за отвореност. Оваа просечна оцена укажува на ниско ниво на посветеност на општините на исполнување на принципите на отвореност.

Постои потреба од обезбедување на полесен пристап до информации за работењето на локалната власт, поттикнување на инклузивниот пристап во донесувањето на одлуките и објавување на поголем број на податочни сетови во отворен формат.

Главна цел на заложбата

Подобрени услови и зголемени капацитети за поголема транспарентност и отвореност на локалната власт. Објавени минимум 5 податочни сетови  во отворен формат од 30 ЕЛС

Подобро разбирање на концептот на отворени податоци на локално ниво од страна на сите чинители во процесот, како и зголемување на нивната свесност за придобивките од отворените податоци.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Со цел да се добие информација за нивото на отвореност на ЕЛС ќе се спроведе мерење на работата на сите единици на локалната самоуправа во Република Северна Македонија во однос на принципите на транспарентност, пристапност, ефикасност и интегритет, преку Индексот на отвореност. Врз основа на направената проценка ќе бидат дадени се препораки за подобрување на транспарентноста и отвореноста во работењето на единиците на локалната самоуправа.

Со цел да се подобри знаењето за концептот на отворени податоци и да се унапреди транспарентноста на локално ниво ќе бидат спроведени обуки за претставници на општините и за граѓански организации.

Со цел да се објават повеќе информации, документи и отворени податоци од страна на ЕЛС, ќе бидат ангажирани фасилитатори за поддршка на општините за објавување на повеќе информации и подготовка и објавување на податочни сетови во отворен формат.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Активностите ќе се спроведат во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество имплементиран од Фондацијата Метаморфозис.

Заложбата е поврзана со остварување на целите од Стратегијата на отворени податоци.

За успешна реализација на активностите потребна е блиска соработка со ЕЛС.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој , врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Со мерките од оваа заложба се придонесува кон  унапредување на транспарентноста и отвореноста на локално ниво. Со оваа заложба ќе се подобри пристапот, употребата и искористеноста на информациите и податоците од јавен карактер.

Unaccepted


Напишете коментар