1.3 Објавување на основните информации за јавните набавки на интернет страниците на институциите

Unaccepted
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Основните податоци за трошењето на јавните пари преку тендерите се достапни на владиниот портал Електронски систем за јавни набавки.

Основната намена на овој портал е спроведување на јавните набавки. Порталот е наменет за лицата за јавни набавки во институциите и фирмите, кои се претходно обучени за негово користење. Оттука, транспарентноста на податоците за јавните набавки не е првенствена функција на овој портал. Со тоа, основните податоци за трошењето на парите на граѓаните преку јавните набавки остануваат тешко достапни за поширокиот круг на граѓани и други заинтересирани страни и за разлика од други земји, граѓаните, немаат брз, едноставен, лесен и разбирлив увид во начинот на трошење на јавните пари.

Во претходните два акциски планови од ОВП беа спроведени заложби и активности како предуслови за оваа заложба. Прво беше изработена листа на информации како минимум стандард за транспарентноста во јавните набавки, а потоа Бирото за јавни набавки овозможи нова функционалност на ЕСЈН со која се креираат кратки линкови од објавите на ЕСЈН кои можат да се искористат за објавување на тие информации и на сајтовите на институциите. На овој начин секоја институција објавите на ЕСЈН може брзо, лесно и едноставно да ги објави на својата веб-страница каде на едно место ќе бидат достапни сите основни информации за нејзините јавни набавки. Имено, во профилот на секој локален администратор регистриран на ЕСЈН се додадени “HTML” тагови за “iFrame” кој ги содржи  информациите за планираните набавки, огласите, известувањата за склучен договор и известувањата за реализиран договор за тој договорен орган. Овие “HTML” тагови потребно е да се копираат и да се вметнат во веб сајтот на институцијата.

Две последователни истражувања на Центарот за граѓански комуникации за степенот на информираност на граѓаните за трошењето на јавните пари преку јавните набавки спроведени меѓу 400 испитаници од целата земја, во 2017 и 2019 година, покажуваат дека со преземање одредени слични мерки, процентот на граѓани кои сметаат дека имаат доволно информации за начинот на кој институциите ги трошат јавните пари преку тендери се зголемил од 6 % на 20 %, само за три години. И во двете истражувања дури по 98 % од граѓаните одговориле дека информациите што сега имаат за овие трошења ги добиваат од веб-страниците на институциите и од медиумите. Оттука, неопходно е институциите да мораат да објавуваат повеќе информации за овие трошења на своите веб-страници, како места на кои граѓаните најчесто ги бараат и очекуваат да ги добијат овие информации.

Главна цел на заложбата

Заложбата опфаќа обврска за институциите да креираат посебен дел (таб) на своите веб-страници за „јавни набавки“ и таму, на едно место, да ги објавуваат следниве информации и документи:  годишен план за јавни набавки, огласи за јавни набавки (линк од објавата на ЕСЈН), известувања за склучени договори (линк од објавата на ЕСЈН), склучените договори и известувања за реализирани договори (линк од објавата на ЕСЈН).

Целта е граѓаните да имаат брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за начинот на којшто институциите ги трошат парите преку јавни набавки (околу 900 милиони евра годишно) така што институциите ќе ги објавуваат овие информации на своите веб-страници кои, пак, се првата точка на која граѓаните ѝ пристапуваат кога сакаат да се информираат за некоја конкретна институција.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Брзата, лесна, едноставна и разбирлива достапност на овие информации за граѓаните ќе ги зголеми отчетноста на институциите и нивната одговорност во јавните трошења, а на граѓаните ќе им овозможи да разберат како и за што се трошат нивните пари и да влијаат за користење на јавните средства за нивните потреби.

Со ова ќе се надминат и сегашните проблеми на немање доволно стручен ИКТ кадар во институциите и преоптовареност на лицата за јавни набавки.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

За спроведување на ова заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи потребната функционалност на ЕСЈН за креирање и брзо и лесно преземање на линковите од објавените информации и нивно поставување на сајтовите на институциите веќе постои. Кај другите институции треба само креирање на посебен таб (тие што немаат) за што не се потребни посебни финансиски средства. Единствено ќе бидат потребни дополнителни буџетски средства кај оние институции кои сега немаат свои веб-страници за да ги креираат.

Unaccepted


Напишете коментар