1.2 Проактивно објавување на информациите од јавен карактер на веб-страниците на институциите

Unaccepted
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Заложбата се однесува на т.н. активна транспарентност на институциите што подразбира објавување на информации на сопствена иницијатива без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации од јавен карактер.

Заложбата треба да им овозможи на граѓаните, фирмите и на сите други заинтересирани групи брз, лесен и континуиран пристап до основните информации за работењето на државните институции.

Иако од крајот на 2019 година, со новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер, објавувањето на овие информации на веб-страниците на институциите е задолжително, сепак многу мал број од нив ја спроведуваат оваа обврска. Според последниот Индекс на активна транспарентност за 2021 година на ЦГК, министерствата и Владата објавуваат просечно 79 % од овие информации, додека општини само 60 %. Поединечните проценти се движат од 10 % до 100 %. Истото мерење кај јавните претпријатија покажува дека објавуваат 41 % од овие информации. Се проценува дека кај другите институции (околу 1.200) кои не се под мониторинг на граѓанскиот сектор, објавувањето е уште помало, а е од еднакво значење за животот на граѓаните.

Во меѓувреме, Владата презема неколку мерки за да го поттикне објавувањето на овие информации, но повторно само  кај владините институции, кај општините и кај јавните претпријатија чии основач е.

И Државниот завод за ревизија, во извештајот од ревизијата на успешност за Квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб портали констатира дека „Постојниот квалитет на услугите кои ги обезбедуваат ЕЛС на веб порталите не обезбедува ефективна и брза услуга и не е овозможен ист третман, еднаков пристап и достапност за секој граѓанин.“

Главна цел на заложбата

Заложбата вклучува засилени напори од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за подобрување на активната транспарентност кај имателите на информации.

Пред да почнат засилените напори за активна транспарентност кај владините институции и општините, во 2016 година, просечното објавување на информации кај овие институции беше 45 %, додека пред ваквите активности кај јавните претпријатија, тие објавуваа само 28 % од информациите. Имајќи го предвид порастот на активната транспарентност кај овие институции по преземањето на конкретните мерки, се очекува подобрување и кај сите останати институции.

Со остварувањето на заложбата ќе се зголеми достапноста на информациите кои се важни за животот и работењето на луѓето, а ќе се намали притисокот за добивање информации преку барања за слободен пристап.

Соодветниот и навремен пристап до информации е предуслов за ефективно учество на граѓаните во креирањето политики и за квалитетно и навремено добивање на услугите од државните институции.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Со остварување на заложбата, институциите ќе обелоденуваат:

  • информации за регулативата и за одлуките на властите, со што се остварува правото на граѓаните да бидат информирани за своите права и обврски во општеството;
  • информации коишто им се потребни на граѓаните за да бараат одговорност од властите;
  • информации коишто им се неопходни на граѓаните за да можат да учествуваат во процесот на донесувањето одлуки и
  • информации коишто им се потребни на граѓаните за да можат да пристапуваат кон услугите што ги нудат јавните институции.

И самата институција којашто објавува информации врз проактивна основа остварува корист по неколку основи:

  • активната транспарентност ѝ помага на институцијата да биде поодговорна во трошењето на јавните пари;
  • на тој начин институцијата ги промовира принципите на добро владеење и интегритет и

институцијата е поефикасна бидејќи подобро управува со информациите со коишто располага.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи сите предвидени активности се дел од редовното работење на институциите,  како и на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер (АСПИЈК).

Заложбата е поврзана со Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, Стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ, Планот за борба против корупцијата на Владата на РСМ, препораки од Функционалната анализа на АСПИЈК.

Unaccepted


Напишете коментар