Council for OGP

Почитувани,
Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година е советодавно тело за Отворено владино партнерство на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Отворено владино партнерство, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.
Советот има за цел да ја поттикне транспарентноста и отвореноста на работата на органите на државна управа и учеството на граѓанското општество во спроведувањето и следењето на иницијативата Отворено владино партнерство во Република Северна Македонија, да се обезбеди меѓусекторска соработка и да се воспостават јасни, структурирани и трајни механизми за постојан дијалог меѓу властите и граѓанското општество; да се зголеми учеството на граѓанското општество во процесите на Отворено владино партнерство и во подготовката на акциските планови за Отворено владино партнерство и за поддршка, поттикнување и следење на спроведување на тековниот акциски план. Советот го следи спроведувањето на Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година; разгледува и предлага извештаи за спроведување на акциските планови, согласно роковите утврдени од Владата на Република Северна Македонија и меѓународната иницијатива; разгледува и предлага насоки за унапредување на процесот согласно насоките кои произлегуваат од меѓународната иницијатива; ја утврдува временската рамка и начинот на спроведување на процесот на ко-креирање на акциските планови; спроведува постапка на консултации за Предлог акциските планови и го предлага акциските планови за Отворено владино партнерство до Владата на усвојување; обезбедува континуиран дијалог на органите на државната управа, граѓанските организации, бизнис секторот, академската заедница, медиумите, и други претставници од засегнатата јавност за унапредување на стандардите за отвореност и транспарентност на властите.