Лице за контакт

Дајана Тодоровска, dajana.todorovska@mzsv.gov.mk

Датум на последното ажурирање

05 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 3/3

Достигнувања со значителен прогрес: 0/3

Незапочнато

5.1.1 Зголемување на обемот на информации помеѓу руралното население за негативните ефекти од климатските промени и загадувањето на животната средина

Индикатори: Број на изработени информативни материјали Број на одржани едукативни работилници во рурални средини Број на информирани земјоделски производители
Незапочнато

5.1.2 Зголемување на обемот на информации помеѓу руралното население и едукација за правилникот за Добра земјоделска пракса како и измените во делот на санкциите за негова непримена на терен

Индикатори: Број на посетени земјоделски стопанства Број на поделени информативни материјали Број на изречени санкции за непримена на правилникот
Незапочнато

5.1.3 Проширување на листата на посебни минимални услови за ДЗП и заштита на животната средина кои што земјоделските производители ќе треба да ги исполнат со примена на Добрата земјоделска пракса и изработка на нов правилник за добра земјоделска пракса

Индикатори: Број на дефинирани нови критериуми во Правилникот за ДЗП Број на изменети постоечки минимални услови утврдени во правилникот Број на информирани земјоделски стопанства за измените и новиот правилник

5.1 Намалување на ефектите од климатските промени и заштита на животната средина од земјоделските активности

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
  • Недоволно информации достапни во руралните средини;
  • Немање на доволно развиена свест за последиците од климатските промени;
  • Сеуште глобален пристап кон темата;
  • Немање на едукациjа на руралното население за препознавање на последиците од климатските промени, но и за придонесување кон предизвикувањето на истите;
  • Невклученост на граѓаните во процесите на донесување на одлуки поврзани со акциите за клима итн.;
  • Намалено локално производство на храна и економски приходи;
  • Загаден воздух и загрозено здравjе на населението;
  • Придонес кон негативните ефекти од климатските промени;
  • Делување сеуште на традиционален начин и непрактикување на донесените законски мерки и норми;
  • Земјоделците управуваат со 50% од земјиштетово РСМ, користат 60 до 80% од слатката вода во државата, во нивните штали, кокошарници, трла или современо кажано фарми живеат огромен број на животни, користат илјадници тони на силни и помалку силни токсични материи во вид на пестициди, ѓубре, и останати агро-хемикалии.
  • Според истражувањата за структура на земјоделските стопанства, спроведени од  Заводот за статистика во 2016 година, во индивидуалниот секторсе ангажирани само 5,2% на луѓе со било какво образование во земјоделството, а бројот на ангажирани високостручни кадри од областа на земјоделството е само 0,8%.

Што се однесува пак до информираноста на граѓаните, од 473 испитаници од 48 општини во РСМ во истражување спроведено од страна на МЖСПП наjзастапен е ставот дека справувањето со климатските промени не е должност на поединецот туку на Владата, индустриjата и компаниите и дека граѓаните не знаат, а и немаат доволно информации како може да помогнат во справувањето со климатските промени.

Главна цел на заложбата

Главната цел на заложбата е преку зголемена едукација и информираност на руралното население да се намали загадувањето на животната средина и негативните ефекти од климатските промени.

Резултати:

  • Зголемена примена на Добрата земјоделска пракса како основен постулат за заштита на животната средина од земјоделски активности.
  • Зголемена информираност кај 50% од носителите на семејните земјоделски стопнства за важечките правила за Добра земјоделска пракса како и за казнените основи за непримена на истите.

Воспоставен систем за редовно информирање за климатските промени и негативните ефекти од истите.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Погоре опишаните достигнувања ќе придонесат директно кон решавање на јавниот проблем кој што се однесува на загадувањето на животната средина и зголемувањето на ефектот од климатските промени, затоа што станува збор за повеќе од 170.000 семејни земјоделски стопанства кои што вршат земјоделски активности, а при тоа не внимавајќи на загадувањето на животната средина. Преку зајакната свест, едукација и зголемена информираност ќе се придонесе кон промена на навиките на руралното население и на таков начин кон намалување на загадувањето и заштита на животната средина.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Ваквата заложба е во согласност и придонесува кон реализацијата на приоритетите и целите предвидени во неколку стратешки документи и тоа:

  • Национална стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027 каде што една од стратешките цели е насочена токму кон намалувањето на ефектите од климатските промени во земјоделското производство;
  • Целите за одржлив развој на ОН особено со цел 13 која што е директно насочена кон преземање на мерки за клима;
  • Националниот акциски план за клима, комуникациска стратегија за климатски промени на МЖСПП итн.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 13 Климатска акција“,Таргет 13.3: Да се подобри образованието, свесноста и човековите и институционалните капацитети за ублажување на климатските промени, за приспособување, за намалување на влијанијата и за рано предупредување. Со мерките на оваа заложба преку унапредена свест, едукација и информираност на граѓаните ќе се придонесе кон промена на навиките на руралното население и на таков начин кон намалување на загадувањето и заштита на животната средина.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за животна средина и просторно планирање

Организации

  • Рурална коалиција


Напишете коментар